
Главниот фаворит Слога Виница си оди според планот и нижи само победи, а во рамки на 6. коло во Трета лига – Исток го совлада Ударник во Пирава со резулат од 0:3.
Карбинци преку пресврт славеше над Тиверија од Струмица со 3:1, со што продолжува одилчната игра на овој тим. Дојранско Езеро и Брегалница од Делчево ремизираа со по еден гол, Овче Поле со 4:0 го декласираше Малеш од Берово, а пак Хоризонт Турново на домашен терен се сопна откако одигра 1:1 со новиот третолигаш Светлост од Зрновци кој носи голем бод од тешкото гостување против поранешниот прволигаш.
Слога Виница е прва со максимален учинок од 18 бодови, Овче Поле е втор со 13 бодови, Хоризонт Турново сега е трет со 11 бодови, а пак Брегалница од Делчево е на 4. место со десет бодови.
Дојранско Езеро успеа да се пробие во средишниот дел од табелата односно на 5. место со девет бодови, Карбинци е шести со осум бодови, Тиверија седма со шест бодови. Малеш е осми со четири бодови, Ударник е претпоследен со три бодови, на дното е Светлост од Зрновци со два бода.
Александар Ванев, М-Нет