
Во рамки на 5. коло во Првата ракометна лига екипата на Младост на домашен терен во Богданци запиша превисока победа над Текстилец УГД Штип со резултат од 43:18 односно со разлика од 25 гола.
Младост победата ја најави уште во првиот дел кога имаше предност од 19:8 што само по себе ја потврди доминацијата на големиот фаворит на теренот.
Ристе Пеев беше најдобар со осум погодоци, додека пак кај штипјани најдобар беше Филип Џинес со седум постигнати погодоци.
Младост ја запиша третата победа и на своето конто има шест бодови, додека пак штипски Текстилец има една победа и четири пораз и се наоѓа на седмото место со два бодови на своето конто.
Во следното коло Текстилец УГД Штип ќе игра против Партизан од Гевгелија, додека пак Младост ќе има незгодно гостување кај ланскиот суперлигаш Скопје.
Александар Ванев, М-Нет