
Започна асфалтирањето на дел од булеварот Партизанска, како и уредување на тротоарските површини. Во наредниот период ќе се трасира коловозната лента па ќе се продолжи со асфалтирање. Целиот период додека се изведуваат активности на терен потегот ќе биде целосно затворен за сообраќај. Градоначалникот, Иван Јорданов, повика на трпение од страна на сите учесници во сообраќајот.
„Овде морам да истакнам дека сме навлзени во една фаза на реализација на еден дел од самиот булчевар. Веќе се уредуваат тротоарските површини, на одредени краци од булеварот започна асфлтирањето со нанесување нс прв асфаслтен слој. Се трасира коловозната лента. Во нааредниот период се додека се одвиваат градежните активности овој потег ќе биде затворен за сообвраќај и ќе има отежнато функционирање во овој дел од градот. Затоа повикувам на трпение“ – вели Јорданов.
Со реализација на проектот за изградба и проширување на булеварот Партизанска дополнително ќе се развие овој дел од градот, посочи Јорданов додавајќи дека се предвидени содржини за урбанизација.
„Се предвидуваат одредени содржини кој ќе го урбанизираат потегот каде минува самиот булевар. Така да апелот до граѓаните е додека се работи да бидат трпеливи.“ – додава Јорданов.
Инаку, започната е и втората фаза од изградбата на булеварот Партизанска, а во нареднио период ќе бидат дислоцирани и времените објекти кои се наоѓаат на овој потег. За семејствата ќе бидат обезбедени типски куќи.
Лаура Стојанова М-Нет