
Кадино немаше доволно играчи за да го одигра натпреварот со Шкендија Арачиново, во рамки на 5. коло од Трета лига – Север, откако истиот беше прекинат во 11. минута при 4:0 за Шкендија со погодоците на Шаип, Десниќ, Аљиу и Ферати кои беа постигнати за шест минути.
Според информациите на М Нет телевизија и како што е заведено во официјалниот записник во 11. минута од натпреварот при резултат од 4:0 за домашната екипа, на гостинската екипа и се повредија двајца играчи и бидејќи не можат да играт со шест играчи натпреварот беше прекинат.
„Во 11. минута при резултат 4:0 за домашната екипа, на гостинската екипа и се повредија двајца играчи и бидејќи не можат да играат со 6 играчи натпреварот беше прекинат. Службените лица беа присутни на теренот“, е наведено во записникот од натпреварот.
Беса Влазрими имаше убедлива победа од 1:5 над Академија Илинден на гостински терен, откако на полувреме со двата гола на Ридван Исмаиљи на полувреме имаше 0:2. Во вториот домашниот тим намали на 1:2 со голот на Никола Уневски во 50. минута и се врати во игра, но потоа Шуајб Бајрами стрелаше за 1:3 во 70. минута, а по две минути игра Академија Илинден остана без играч помалку на теренот, откако капитенот Даниел Васиќ, па така Беса Влазрими преку Арбурим Ајдини и Лавдрим Сулимани дојде до конечните 1:5.
Ржаничино и Башкими Љуботен ремизираа играјќи 1:1. Дин Мемети во 35. минута постигна гол за 0:1 и водство на гостинот на полувреме, а во второто полувреме Мартин Лазев постигна гол во 76. минута за конечни 1:1.
Петтата рунда се комплетира утре. Њу Старс се среќава со фаворитот Фортуна, Аеродром ќе ја чека Риниа, БВК Коњаре го игра дербито на колото со поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ, а пак Куманово на локално дерби со новиот третолигаш Пчиња.
Александар Ванев, М-Нет