Полуфинале во двојки за македонскиот тенисер Амар Хусеиновиќ во Хрватска

Македонскиот тенисер Амар Хусеиновиќ успеа да стигне до полуфиналето на турнирот на Вели Лошињ во Хрватска. Хусеиновиќ заедно со Александер Гшиел од Австрија го загубија полуфиналето од словенечко-руската комбинација односно Клас Гореншек и Савва Рибкин со 2-1 во сетови.

Македонскиот тенисер беше солиден со својот настап и во поединечна конкуренција откако успеа да стигна до четвртфиналната фаза. Во првото коло го доби домашниот тенисер Хрватот Рене Бертош со 2-0 во сетови, а потоа во втората рунда беше подобар од италијанскиот тенисер Франческо Дресено. Во двата меча загуби само пет гема.

Во третата рунда Хусеиновиќ загуби од Каденс Беншерит од Канада со 2-0 во сетови, но поради лошите временски услови две рунди од овој натпревар се играа во четири добиени гема.

Александар Ванев, М-Нет