Арсими слави голема победа над Вардарски!

Денес беше отворено 7. коло на Втората лига откако Арсими со 3:0 славеше над Вардарски на Градскиот стадион во Гостивар.

Шефит Шефити постигна два погодоци за 2:0 на полувреме, а во вториот дел Арсими дојде до конечните 3:0 со голот на Шпенд Асани. Барем до утре Арсими ќе биде лидер на табелата во Втората лига.

Колото ќе се комплетира утре со останатите седум натпревари. На М Нет телевизија ќе можете во живо да го следите мечот меѓу Брегалница и Кожуф, Осогово ќе гостува кај Македонија ЃП, Охрид ќе игра со Новаци, Беласица ќе биде домаќин на Каменица Саса.

Борец ќе го пречека Скопје, во Радовиш ќе се соочат Детонит Плачковица и Вардар од Неготино, а пак во Гостивар ќе играат Башкими со Победа.

Александар Ванев, М-Нет