Се зголемува интересот за спортското качување во Штип, градот има и вештачка карпа висока 11 метри!

Спортското качување како спорт е поделено на два дела и тоа спортско качување по природни карпи и спортско качување по вештачки карпи. Во Штип интересот за овој спорт се зголемува, ако во минатото биле пет до шест млади луѓе кои биле дел од овој спорт, сега има бројка од 30-тина до 40 луѓе.

Историски гледано овој спорт започна на природна карпа, но како што вели Иванов во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија меѓутоа поради еколошка свест со цел да не се уништуваат карпите овој спорт продолжува и на вештачки карпи.

Пред околу седум месеци како што тогаш информираше М Нет телевизија беше монтирана нова вештачка карпа која е лоцирана во ООУ „Ванчо Прке“, која е висока 11 метри со наклон од шест метри што е доволно ефикасна за тренинг на качувачкиот клуб Астибо.

На новата вештачка карпа Астибо организираше и државен натпревар за симболично отварање на карпата, но истата не исполнува услови за меѓународни натпревари.

Со Иванов во последното издание на спортскиот магазин Трибина на М Нет разговаравме и за натпреварите во спортското качување на вештачка карпа се делат на три групи, тежински натпревари, брзински натпревари и болдер натпревари.

Александар Ванев, М-Нет