Реми на Куманово и БВК Коњаре, Шкендија Арачиново според планот, Еуромилк ГЛ со лото победа!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Шкендија Арачиново и Еуромилк ГЛ според планот во 2. коло од Трета лига – Север.

Со погодоците на Саљихи и Десниќ екипата на Шкендија дојде до победа од 0:2 над Башкими Љуботен, а пак Еуромилк ГЛ со лото победа од 7:0 над Академија Илинден.

За екс прволигашот двојни стрелци беа Андреј Јаневски и Матеј Јаневски, а по еден гол постигнаа Стојчевски, Богдановски и Настевски.

Куманово и БВК Коњаре ги поделија бодовите откако ремизираа играјќи 3:3. За шампионот кој не го помина баражот минатата сезона стрелаа Стевчевски, Тодоровски и Златковски, за БВК Коњаре двоен стрелец беше Гезим Бакиевски, а еден гол постигна Адем Аџами.

Пчиња се израдува на првата победа како третолигашот со головите на Кузевски и Спасовски дојде до победа од 2:0 над Аеродром.

Некогашниот второлигаш Кадино со 3:1 славеше над новиот третолигаш Њу Старс во меч со три погодоци на Кристијан Ивановски, а за гостинот погоди Тренески.

Риниа на домашен терен доживеа пораз од 2:4 од новиот третолигаш Ржаничино. За домашниот тим Таири беше двоен стрелец, а пак за гостинскиот тим Лазев стрелаше двапати, а по еден гол постигнаа Петрушевски и Стојановски.

Фортуна со погодоците на Мемети и Мифтари дојде до победа од 2:0 над Беса Влазрими.

Александар Ванев, М-Нет