
Ајварската пиперка и денеска на пазарот во Штип се трошеше како алва. Земјоделците и продавачи уште од вчеравечер почнале со продажбата на пиперката, па денеска предпладне можеше да се забележат празни тезги и продаден пипер. По цена од 30 денари втора класа до 50 денари прва класа се трошеше за подготовка на зимница. Во склоп со продажбата на црвената ајварска пиперка, се трошеше и модриот патлџан. Продавачите задоволни од побарувачката од страна на граѓаните.
„Јас завршувам за денеска веќе, синоќа продадев, имав модар патлиџан, пипер ајвар. Тиквата беше 30 денари, две парчиња за 50 денари, ајварската пиперка 50 денари прва класа, и втора класа 30 денари. Исплатливо е ама нема кој да работи.“ – велат земјоделците.
За купувачите цените исти како и претходниот петок. Велат во зависност од примањата се движи и купувањето на земјоделски производи.
„Скапо е, високи се цените. Се зависи од квалитетот има и поскапи и поевини.“ – велат купувачите.
Покрај ајварската пиперка која денеска најбрзо се потроши на градскиот пазар во Штип, се уште имаше побарувачка на пипер за пржење, домати и краставици кои се продаваа по цена од 80 до 100 денари за килограм.
Лаура Стојанова М-Нет