Опомените од брзите кредити треба да се бесплатни, а во реалноста се наплаќаат екстремно високо

Опомените за задoцнета рата од брз кредит кои се испраќаат од страна на финансиските друштва да не се наплааќаат. Ова како барање од страна на Организацијата на потрошувачи е испратено до Министерството за финансии со цел да се стави крај на ваквите проблeми кои станаа секојдневие. Треба да се контролираат финансиските друштва велат од организацијата бидејќи со опомени кои се праќаат и се наплаќаат се оштетуваат потрошувачите.

„Она што го апелиравме и до финансиските друштва е исто така во доменот на финансиски услуги да нема опомени кои се наплаќаат од нивна страна до потрошувачите затоа што со Законот за заштита на потрошувачите опомените кои се доставуваа за задоцнето плаќање не треба да се наплатуваат. Тука веќе би требало да се бара, баравме до министерство за финансии како надлежна институција која ги контролира овие финансиски друштва дека треба да се обрати до нив однонсо да ги обавести дека не треба тоа да го прават во исто време кога потрошувачите се оштетуваат со вакви опомени. Тие после тоа би можеле и да тужат и да бараат надомест на штета доколку ние се обратиме до Судот и бараме да се прекине со ваквата постапка.“ – вели Лончар-Велкова.

Од претходниот месец започна важноста и преставките кои се добро контролирани. Меѓутоа потребно е доволен временски рок, потврда дека потрошувачите разбрале што потпишуваат и слично., вели Лончар-Велкова. На таков начин нема да се повторуваат слуачите со деца кои ги задолжиле своите родители, или земање брз кредит со украдена лична карта и слично.

„Да речеме кога ги потпишуваат договорите доволен рок да им се даде на луѓето, да има некоја чек листа на договорите, да им се даде он лајн кога ги потпишуваат да ги штиклираат за да се види дека ги разбале одредбите. Многу од нив не ги разбираат, ги земаат брзите кредити здраво за готово. Многу лица кои беа по 18 години ги задолжуваа и своите родители и имавме крадени лични карти.“ – додава Лончар-Велкова.

Граѓаните кои подигнале брз кредит честопати добиваат опомени, дел од ни заканувачки пораки, предупредувања на домашна адреса и инволвирање на останти членови од семејството. Од организацијата на потрошувачи ги охрабруваат граѓаните да пријвуваат вакви и слични случаи поврзани со брзите кредити.

Лаура Стојанова М-Нет