
Денес се реализираше работна средба во Штип во врска со проектот „Јакненње на правата на потрошувачите во финансиските услуги“. Претседателката Марјана Лончар Велкова истакна дека како овластено тело дејствуваат за заштита на колективните интереси на потрошувачите, односно за промовирање на алатката за пријаввање на проблем. Воедно со ваквите средби се истакнуваат активнстите кои се реализираат тековно низ сануот проект.
“Денеска сме во Штип, затоа што ја започнавме кампањата за промовирање на тоа дека ние сме овластено тело за заштита на колективните интереси на потрошувачите, луѓето да знаат за да ја промовитраме алатката за пријавување проблем и да ги истакнеме целите и активностите што ги водиме низ проектот, заштита на потрошувачите во финансиските услуги, кој е финансиран од европската унија и од европската подржувачка организација”, истака Велкова
Истакнаа дека проектот е за иницирање на одредена колективна заштита за правата на потрошувачите, особено во доменот каде е забележан недостаток,а проблемот беше забележан и со осигурнителните компанииод месец април до мајк кога се наплаќаа и до 15% повисоки провизии за осигурувањето.
“Продолжуваме напред со комисија за заштита на конкуренција пративме да побараме дали навистина е започната постапка како овластено тело и спремни сме да почнеме со луѓе кои што се јавиа како поторшувачи кои се спремни да учествуваат да се покрене судска постапка заради надомест на штета.”, додава Велкова
Посочиа дека апелирале до финансиските друштва во домен на финансиски услуги да нема опомени да се наплаќаат до поторшувачите заради тоа што со законот за заштита на потошувачите, опомените кои се доставуваат за задоцнето плаќање не треба да се наплатуваат.