М Нет овозможи за првпат натпревар од Трета лига во живо на телевизија на два различни јазици!

Вчера во рамки на 1. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север се одигра мега дербито меѓу БВК Коњаре и Шкендија Арачиново, натпревар кој можевте ексклузивно само на М Нет телевизија да го следите во живо, а притоа за првпат гледачите на М Нет телевизија имаа можност натпреварот да го следат со македонски и албански коментатор.

Со ова се овозможи и гледачите од албанска националност да го следат натпреварот со коментатор на нивниот мајчин јазик.

М Нет како регионална телевизија веќе неколку сезони пренесува натпревари во живо од Втората и Третата македонска фудбалска лига, со што веќе овие две лиги добиваат медиумски простор кои во минатото го немаа.

Ова беше прв натпревар во Трета македонска фудбалска лига кој истовремено одеше со македонски и албански коментатор, М Нет како регионална телевизија стана препознатлива насекаде во Македонија кога е во прашање спортот, овозможувајќи им на гледачите да имаат и комплетна статистика и графика од самите натпревари со најдобрите моменти од натпреварите преку комплетни извештаи од истите.

Александар Ванев, М-Нет