
Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север со натпреварите од првото коло, а стартот од сезоната веднаш ни го носи и големото дерби меѓу БВК Коњаре и Шкендија од Арачиново.
Соочување на две екипи кои претентираат да го освојат првото место кое води во баражот за можен пласман во Втората македонска фудбалска лига.
Двете екипи се квалитетно засилени и во новата сезона најавуваат отворени амбиции за првото место. Минатата сезона Шкендија Арачиново заврши на второто место, а за новата сезона промовираше играчи од Првата лига и директно оди на атак на првото место.
Главен судија на мечот ќе биде искусниот Дејан Младеновски.
Дербито меѓу БВК Коњаре и Шкендија Арачиново може ексклузивно да го следите во живо на телевизија М Нет, в недела од 11:00 часот.
Александар Ванев, М-Нет