Вкупно 66 општини поднеле 215 капитални проекти до сега, Мицкоски задоволен и очекува раст на бројката

Вкупно 66 општини во државата поднеле вкупно 215 капитални проекти до сега, вклучувајќи ги и општините на СДСМ, ДУИ, ВРЕДИ, ЗНАМ и други. Според бројката, покрај општините, задоволен е и премиерот Христијан Мицкоски, кој очекува бројката да достигне 250 проекти, а со тоа да се овозможат 250 подобри услови за живот на стотица илјади семејства во државата.

“Јас сум задоволен и навистина им честитам на општините и на организацијата на општините , биејќи 66 општини поднесоа околу 215 проекти, заклучно со вчерашниот ден, што не се само коалицијата на ВМРО, таму има општини со СДСМ и ДУИ, како и ВРЕДИ, ВЛЕН, ЗНАМ, независни кандидати.“, истакна Мицкоски

Со овие проекти ќе се задоволат реалните потреби на граѓаните и заклучно со тоа да се реализираат што е можно повеќе капитални проекти, додава Мицкоски.

“Очекувам денс да пристигнат и други да дојдеме до 250 проекти. 250 проекти значи 250 подобри услови за живот на стотици илјади семејства. Да направиме нешто, што ќе е соодветно на реалните потреби на граѓаните, а со тоа да можеме да реализираме што е можно повеќе капитални инфестиции и да ја раздвижиме еконломијата и затоа е потребен и овој.“

Според пријавените проекти Општина Штип има аплицирано со проектот за обиколницата од населба Железничка, до овикенд населбата Плиждино. Општина Македонска каменица со два проекта за инфраструкутра, додека општина Пехчево со три проекти исто за инфраструктура. Опѓтината Берово со 9 со патна инфраструктура.

Лаура Стојанова, М-Нет