Вишокот наставници нема да се проблем во образованието, ќе бидат вклучени во вториот дел на едносменската настава

Вишокот на наставници нема да претставуваат проблем во државата, тие ќе бидат функционални. Стратегијата е се вклучи едносменското работење и подолг престој на учениците и наставниците во училиштата, кое се докажало како ефикасна во повеќето земји, истака министерката за образование и наука Весна Јаневска и според нејзе наставникот не може да биде вишок.

“Со оглед на тоа што се случува со нашата демографија, масовното ислеување на нашето население надвор од земјата веќе се јавува така нареченото вишок на наставници, а јас првично сметам дека наставник не може да биде вишок, ние само треба да ги направиме функционални. Затоа владата во програмата предизборна направи цела стратегија како наставниците кои ги имаме, да ги направиме функционални за да останат во образовниот процес. Стратегијата е едносменското работење подолгиот престој на учениците и на наставниците во училиптата и целодневната настава, која се покажала јкако многу ефикаснас во повеќе земји“, истакна Јаневска

Ќе се направат нормални паралелки со тоа што паралелките ќе се сведат на 20 ученици, а наставникот што е вишок ќе работи во втората половина од денот, додава Јаневска.

„Така да наставниците, кога ќе направиме нормални паралелки и тоа не ученици од 10 или 15, туку ќе ги сведиме на 20, наставникот што е вишок ќе продолжи да работи во втората половина од денот според програмата на училиптата, кои опфаќа многу додатни предмети, изборни во наставни активности, работа со деца кои имаат потешкотија во учењето, дополнителна настава, додатна настава, општествено корисни работи. Идејата е целиот број на наставници да го искористиме за учениците да стекнуваат повеќе знаења“, додава Јаневска

По измените во законите на наставниците ќе им се понуди да се префрлат во институциите за да можат да го дадат своето образование, односно да го пренесат своето искуство на оние што им треба обука и помош. Процесот е голем, комплициран, но министерството има волја да се направи нешто за целовкупното образование на учениците во државата.

Лаура Стојанова, М-Нет