
Многу често односите свекрва-снаа се мошне заострени, па неретко невестите имаат впечаток дека свекрвата е злобна маќеа. Но, колку во секојдневнието може да се сретне почитта помеѓу обдете страни разговаравме со граѓаните на Штип. Потребно е да се комуницира на различен начин велат тие, бидејќи во брзина секој кажува нешто несоодветно.
“Секој си тера по негово и да не е во право си велат оно ли мене ќе ме командува. Може би треба да се разговара на друг начин, да се користи може, дали сакате, пред да го кажете зборот што сакате да ве услужат. А ние често знаеме на брзина да кажеме ајде ти тоа го направи, ама кога ќе си речете, абре деца бива ли тоа да го направиме. Дај вели сине панталоните на жена ти, она се праве маж, а тебе те прави жена. Има некаде проблеми со снаата, за деца, за куќа, за хигиена, секаде е различно. Кој е по јак, тој два повеќе наредби дома. Дали маж или жена нема врска. Eпа тоа е мајчинството, тоа е мајката. Нејзе ја боли, а секој го боли за своето. Нејзе ја боли за синот, а другата мајка за својата ќерка. „ , истакнаа граѓаните
Многу често знаеме да ја практикуваме поговорката женско дете, туѓа стреа, но денес неретко можеме да забележиме и дека покрај жените и мажите често знаат да отидат да живеат во куќата на жената, по што станува злобна маќеа и бабата.
“Ама, тоа е веќе кога е под вашиот кров, дали машко или женско. Кога го дадете веќе понатаму, нели велат женското е туѓа стреа, ќе отиде и сега во каква фамија ќе припадне , така треба да се усогласува на тоа управување, а ако е обратно тоа не значи дека треба мажот и тој треба да е потценет. Не треба мое, твое и тоа е проблем. Јас зимам повеќе, а ти помалку.“ – додаваат граѓаните
Според многубројни психолози во основата на овој проблем се наоѓа борбата за љубовта на синот, односно на сопругот и за да се има решение потребно е убав разговор, наместо несакани конфликти. Тие советуваат да се размисли дали жените навистина сакаат да бидат сопруга која ќе поставува граници и ќе бара од нејзиниот маж да одбере помеѓу неговата мајка и нејзе, имајќи во предвид дека и обете страни за него се посебни, а кога тој е во средина неговата ситуација секогаш ќе биде некоретна.
Лаура Стојанова, М-Нет