18 членови на Ултра настапија на Чупино во Виница, успешна трка за ултрамаратонецот Тони Манев во Германија

Вкупно 18 членови на клубот Ултра на ултрамаратонецот Тони Манев земаа учество на траил трката Чупино во Виница.

На најдолгата руда од 60 километри четврто место освои Робет Ѓошев, а Адријан Бојчовски беше петти. На 30 километри прво место за Златко Николов, четврти беше Ибраим Мамудов, седми беше Кристијан Киров.

Во женска конкуренција Ангела Величкова освои петто место. На најкратката и најбрза трка на 16 километри, трето место освои Благој Веселинов, а на четврто место заврши Кристијан Блажев.

Ултрамаратонецот Тони Манев зеде учество на трка во Германија во должина од десет и пол километри. Во својата категорија Манев заврши на петтото место со само 47 секунди заостанување од третиот. Вкупниот пласман на Манев е 35. место, а за телевизија М Нет вели дека тоа за него е изненадување бидејќи не трча рамни трки, а на истата трка биле пријавени доста атлетски клубови.

Александар Ванев, М-Нет