
Од денес со почетокот на новата учебна година се враќа во функција јавниот превоз за учениците на територија на Општина Штип и Карбинци. Од утрово, јавниот превоз се одвива во најдобар ред, без никакви проблеми и задоцнувања во однос на поаѓањето. Сите ученици се земени навреме и безбедно однесени до училиштата, истака директорот на ЈП“Стипион“ Панче Стефановски и додава дека овој јавен превоз ќе функционира без никаков проблем како и во измината година.
“Со започнувањењто на учебната година го враќаме и во функција училишниот режим на функционирање на јавниот превоз. Одговорните лица во оваа дејност имам информации дека ова утро, јавниот превоз се одвива вонајдобар тек, сите линии на територија на Општина Штип и на Општина Карбинци функционираат нормално, без некакви задоцнувања и проблеми. Сите ученици се земани и безбедно однесени до училиштата и се надевам, дека ќе продолжиме понатаму да функционираме без никакви проблеми, како и во изминатата година.“, истака Стефановски
Возните редови за јавниот превоз ќе бидат објавени на на социјаните мрежи, а со тоа граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со секаква информација околу истиот, додава Стефановски.
“Возните редови ќе бидат објавени на социјалните медиуми, како и во локалните медиуми и телевизии и граѓаните ќе можат да се информираат за секаква потребна информација околу јавниот превоз. На учениците им посакувам многу здравје пред се, како и успшнна училчишна година.“, додава Стефановски
Со воведувањето на новите линии од септември годинава, се воведе и четврта зона која ја опфаќа и новата линија од Трговскиот центар, селата Лакавица, Софилари, Пенуш, Драгоево, Селце, достапни за сите граѓани. Втората линија е во правец кон Општина Карбинци, кон селата Караорман и Долни Балван. Идејата на ваквиот линиски превоз е да има безбеден, но и поевтин превоз кој ќе биде достапен и за жителите од околината на Штип.
Лаура Стојанова, М-Нет