Викендот се одржа двомеч на боречките клубови Олимпија и Олимпикис од Грција на плоштадот во Штип

ФОТО: М Нет телевизија

Викендот во Штип на Градскиот плоштад „Слобода“, штипјани можеа да проследат неколку натпревари во борење помеѓу борачи на штипскиот клуб Олимпија и грчкиот клуб Олимпикис од Волос.

Младата борачка Андреа Нисева вели дека овие борби се важни за напредување, додава дека после ваквите натпревари следува дружба и проширување на пријателскиот круг.

„Ова значи големо напредување со борбите секој од натпреварувачите напредува после борбите следува и дружба и се проширува пријателскиот круг, се подобруваат техниките и секој има шанса да го искаже својот талент. Постојано работиме, постојано сме во движење не сме застанати и се надевам на најдоброто“, рече Нисева.

Анастасија Трајчева за М Нет истакна дека овие натпревари се важни за да го истакнат нивното знаење и тоа што го тренирале изминатиот период.

„Ова за нас значи дека овде можеме да си ги покажеме силите да си го покажеме нашето знаење, колку сме постигнале досега и да се дружиме се’ уште. Се подготвувавме подолго време и дојде овој период каде што ќе ги покажеме нашите сили и нашето знаење“, рече Трајчева.

Младата борачка од Грција, Фотини Налбанти истакна дека ваквите натпревари за нејзе се едно големо искуство, додава дека е среќна што е дел од вакви натпревари.

„Се тука е многу убаво искуство. Среќни сме што сме тука. Тука сме да се забавуваме покрај натпреварот. Нашиот тим е како едно големо семејство. Убаво е, уживајте и забавувајте се. Јас активно се занимавам со овој спорт пет и пол години“, рече за М Нет младата борачка од Грција.

Ваквите натпревари се знак на добра соработка на двата клубови, а ваквите настани ќе продолжат и во иднина.

Александар Ванев, М-Нет