Без ноти, композиции и музичко училиште, Марија Димкова е славејот на Егејска Македонија

Без ноти, композиции и музичка школа, Марија Димкова од Пожарско е долгогодишен интерпретатор на изворната мелост од Егејска Македонија. Во текстот на нејзините песни се проткаени војните, страдањето и маката на децата бегалци, кој во далечната 1945 биле насилно прогонети од своите топли огништа. Песните се пееа од тага, но и од задоволство, вели Димкова и додава дека таа ги запометила од своите предци.

„Покрја целата мака и голгота, секогаш се наогаше место за песната. Мислам дека преку нејзе лугето си ја искажуваа и маката, но и задоволството. Многу пееа, а мене ме многу интересираше, многу сакав песна, изгледа и претерано сакав. Ама како ќе пеат, така сум ги песните запометила како што велиме ние од а до ш. И текстот, но и мелодијата исто.“ истакна Димкова

Кога бев млада не ме познаваа, а пеев само дома за свој мерак и душа. Подоцна ме слушнаа преку тогашното друштво Македонија со изведбата на песната Кирјана, вино продава, која предизвикала бура реакции кај жири комисија.

“Мене никој не ми обраќаше внимание додека пеев. Јас си пеев за своја душа, но се случи една емисија во далечната 1983 година и не поканија во едно друштво Македонија, а на чело беше Кољо Рошев. И јас кога ја запеав песната за Кирјана, вино продава Миле почна да плака и ми вели сега ми иде да ти ја искубам косата, кај беше до сега. Кај сум била, тука сум била, ама немаше кој да ме слушне. Кога ги снимивме песни, ми велеа сега уште еднаш да ни ја отпееш Кирјана вино продава.“, вели Димкова

После долгите години, враќањето во родниот крај, предизвикала бурни реакции од луѓето на собирот во Негуш со милозвучноста од нејзиниот репертоар на песни. Сите плачеа и пееа со мене, вели Марија и додава дека таа глетка ден денес е незаборавна

“Многу интересно ни беше во Негуш. Ќе пее Марија Димкова, нема да пее, грци многу, полиција колку сакате.“,истака Димкова

Марија Димкова е родена во Горно Пожарско во далечната 1942 година. Позната е по песните Мирка, Деца на Македонија, Цвеќе израснало и нејзината авторска песна Деца бегалци. Покрај со музика таа се милува да пишува, па покрај многубројни приказни таа во 2017 ја издава книгата Автобиографија во која таа го опишува животот на децата од Егејска Македонија.

Лаура Стојанова, М-Нет