Колку новиот формат на натпреварување во женската ракометна Суперлига ќе даде ефект?

Новата сезона во ракометната Суперлига во женска конкуренција ќе се игра во нов формат, три групи со по пет екипи, најдобрите две од секоја група или вкупно шест обезбедуваат место во плеј-офот, останатите девет ќе играат во плеј-аут.

Сепак, многу од клубовите не се согласија со овој нов формат на натпреварување најмногу од причина што истиот беше најавен пред стартот на сезоната и истиот веднаш беше протуркан.

Минатата сезона 14 екипи се натпреваруваат во Суперлигата кој е единствена ракометна лига во женска конкуренција во двокружен систем, во сезона 2022/2023 се натпреваруваа 16 екипи поделени во две групи по осум екипи, во сезона 2021/2022 исто така две групи со тоа што група А имаше осум екипи, а група Б седум екипи, во сезона 2020/2021 13 екипи со двокружен систем на натпревари. Во сезона 2019/2020 исто така со двокружен систем, а оваа сезона беше прекината поради пандемијата со Ковид-19, а пак во сезона 2018/2019 се натпреваруваат десет екипи во двокружен систем на натпреварување.

Новата сезона во женската Суперлигата ќе започне на 7. септември со натпреварите од првото коло.

Александар Ванев, М-Нет