
На денешниот празник луѓето го благословуваат грозјето и за првпат во годината пробуваат грозје. Ова останало како стар адет кој се практикува на Преображение Христово. Овој чин претставува и благодарност кон Господа за сите природни дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје. Тоа не е нафора во вистинската смисла на зборот, туку само благодарност кон Господа за плодовите. Благословувањето на грозјето, е едно литургиско дејство кое го нагласува приносот на материјата на земните плодови на нашиот Бог Создател на сѐ. Многу повеќе, кога овој лозов плод го дава виното, кое Христос го благослови во Кана, за да го нагласи преобразувањето во Христа на светот.
Освен тоа, благословувањето на грозјето ја нагласува потребата од преобразителен пат на човекот. И во Штип продавачите на грозје велат дека за овој празик најчесто се купува грозјето. Го има неколку сорти, а купува секој согласно својот вкус.
„За празникот купуваат грозје. Имам неколку сорти. Оти е празник Преображдение, адет е денеска да се купува и да се јаде грозје.“ велат продавачите.
Инаку, Во народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена.
Лаура Стојанова М-Нет