Уреден дворот на Клиничка Болница Штип со координирана акација помеѓу неколку институции

Со координирана акција на Клиничка Болница Штип, ЈП„Исар “, ЈП„Стипион“ и КПУ „Зaтвор“ Штип денес се чистеше кругот на Клиничката Болница. Оваа активност реализирана денес е со две цели, едната е колку што се може кругот на болницата да биде чист со еден нов еколошки лик, а другата цел е тест период на соработка помеѓу претпријата. Како што вели директорот на Клиничка Болница Штип, д-р Влатко Захариев тестот е положен, кординацијата е добра и во следниот период ќе следи добра соработка помеѓу претпријатијата.

„Минатата недела во координација со директорот на казнено поправниот дом Дејан, неговиот заменик Ѓорги, во координација со директорот на ЈП„Исар“ Александар и директорот Панче на ЈП„Стипион“, успеавме да ја искоординираме ова акција која што во моментот е во тек чистење на кругот на Клиничка Болница Штип. Целта на ова акција е со две цели. Едната е колку можеме да го исчистиме дворот, а другата тест за да видиме како фунционира координацијата помеѓу претпријатијата кои треба да соработуваат заедно. Според мене тестот е положен, координацијата е добра и се надевам дека во наредни периоди ќе има подобра соработка со нив.“ – изјави Захариев

Следниот период со ЈП„Исар“ ќе се спроведе акција за сечење на старите дрва. Директорот на ЈП„Исар“ Александар Аросвски посочи дека денес со целата расположлива екипа на работната единица паркови и зеленило излегоа на терен и го исчистиа целиот двор.

„Денес на помош на Клиничката Болница излеговме со целата расположлива екипа на работната единица паркови и зеленило. Го искосивме и оплеменивме скоро целиот двор на Клиничката Болница во Штип. Во текот на денот комплетно ќе биде завршена ова активност. Можам да истакнаме дека ова нема да биде последна акција ќе го ставиме во нашиот план за работа барем еднаш во текот на месецот да излеземе со наша екипа и да го одржуваме и овој дел од градот, бидејќи Клиничката Болница Штип ја користат пациенти од цела Македонија и ова е лицето на градот.“

Додава дека оваа акција нема да биде последна, во планот за работа во текот на секој месец барем по еднаш ќе биде организирана акција за вработените да го уредуваат и одржуваар овој дел од градот, бидејќи болницата е лицето на градот.

Лаура Стојанова, М-Нет