
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и официјално е нов фудбалер на Џирона од Шпанија, екипата која минатата сезона беше вистински хит и изненадување во Ла Лига и која заврши на високото трето место, а со тоа новиот тим на штипјанецот ќе игра во Лигата на шампионите.
По заминување на Артем Довбик токму Миовски беше соодветната замена за него во Џирона. Штипјанецот беше на радар на повеќе екипи како Еспањол, Џенова, Саутхемптон и некои други екипи, сепак Џенова беше таа која успеа да го обезбеди потписот на Миовски, а договорот е во должина од четири години.
Миовски одигра фантастична сезона во дресот на Абердин, откако во сите конкуренции постигна 26 погодоци, а тоа го стави на радарот на многу екипи, за на крај Миовски кариерата да ја продолжи во шпанскиот хит Џирона и во новата сезона да игра и во Лигата на шампионите.
Во шпанската фудбалска лига ќе има двајца македонски репрезентативци, покрај Миовски, во Ла Лига настапува голманот Столе Димитриевски, кој од Рајо Ваљекано направи трансфер во Валенсија.
Александар Ванев, М-Нет