
Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања, откако во четвртфиналето загуби од Французинот Луи Теса со 2:0 во сетови, а мечот траеше 100 минути.
Србљак пред соочувањето со Теса имаше маратонски меча во три сета во претходните две кола кога успеа да победи, но овојпат имаше одморен ривал, кој ги искористи своите шанси и од десетте брејк прилики искористи четири, а македонскиот тенисер ја искористи единствената.
Во првиот сет на самиот почеток беше израмнето, односно 1:1, а потоа Теса направи предност од 4:1, а тоа беше клучно за Французинот да го добие сетот. Во вториот сет имаше поголема неизвесност, Македонецот водеше со гем предност до 4:3, но тогаш Франзуцинот со три гема во низа го доби сетот со 6:4, за конечни 2:0 во сетови.
Србљак е пријавен за настап и на следниот ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, инаку македонскиот тенисер е на 1115 место на АТП листата.
Александар Ванев, М-Нет