Се уште трае борбата со пожарите во Пехчево и понатаму останува активен пожарот во атарот на село Негрево

Пожарникарите се уште се борат со огнените стихии кои го зафатија Пехчево. Активни пожари се детектирани во атарот на село Негрево и атарот над Пехчево каде изгоре високостеблеста борова шума. Најкритични се попладневните часови бидејќи температурите се високи и воздухот е топол каде истоврмено доаѓа и до проширување на пламените јазици.

„Тоа е големо пространство беше зафатен атарот на село Негрево, и атарот над Пехчево значи беше зафатена високостеблеста борова шума и голем дел не можам да ви ја кажам големината на пожарот но многу повеќе изгоре“ вели Китански

Во пунктот за донации кој се наоѓа во Домот на културата во Пехчево сите заинтересирани граѓани можат да донираат вода, енергетски пијалоци, овошје, шумени таблети кои ќе им помогнат на луѓето кои се на терен

„Сите донации се насочени кон дороволците за гасење на пожарот тоа е главно вода напитоци, ладни чаеви, енергетски пијалоци и шумени таблети кои помагаат на луѓето што се на терен да се освежат овошје. Некои наши блиски стопаници донираат и храна за доброволците“ посочи Китански

Во оваа прилика градоначалникот Александар Китански упати голема благодарност до институциите и до граѓаните од Пехчево како и до граѓаните од околните градови кои изразија голем интерес да се вклучат во гасењето на пожарите во изминатите два дена.

„Јас можам да изразам голема благодарност од сите институции на цела држава и на граѓанит од Пехчево и од околните градови. Значи благодарност до сите за овие два дена, оваа вечер трет ден за поддршката и помошта за гасењето на пожарот. Значи се работи за големо пространство, пожарот што беше претходно мислам дека огнениот појас се движеше десет километри може и повеќе.“ изјави Китански

Во изминатите неколку дена поголем дел од државата беше зафатена со пожари, некои од нив се локлизирани а некои и понатаму се активни и се дејствува на терен. Во врска со со активираниот механизам за цивилна заштита на ЕУ, Ангелов информираше дека денеска или евентуално утре ќе имаме шест хеликоптери и четири ер трактори. Два хеликоптери од Србија, два од Унгарија, еден од Словенија и еден од Чешка, и четири ер трактори, два од Германија и два од Шведска.

Лаура Стојанова, М-Нет