Без продавница, лекар, аптека, жителите од село Селце минуваат по 15 кимотери за да купат леб

Некогаш цело село се занимавало со земјоделство и сточарство, денеска едвај неколкумина чуваат стока. Пред се станува збор за шталски крави и неколку овци и кози. Ваква е сликата во село Селце, штипско. Селаните, пред се помладите одат на работа во градот, а неколкумината повозрасни кои живеат овде одледуваат стока и произведуваат млеко. Добра работа во целата приказна велат, е што има кој да го купи млекото и да понуди делумно добра цена. Но, исплатливост нема.

“Сточарство нема веќе, само јас и уште еден двајца во селото кои одгледуваме стока. Храната скапа, тешко се исплаќа“ – велат селаните.

Во селото, жителите велат немаат продавница, ниту лекар, ниту аптека. Најблиската продавница за леб им е во Лакавица или во Штип. Истиот пат треба да го поминат ако треба да посетат лекар или да купат нешто. Велат дека имаат комбе кое оди до градот во петок, пазарен ден, но ако не можат со него потребно е такси. За такси превоз до градот издвојуваат по илјада денари во двата правци. Затоа се децидни дека е потребна една продавнца, за да можат да си купат барен по нешто.

Селото Селце се наоѓа на 15 километри од градот Штип, на патот Штип Радовиш. Согласно последниот попис од 2021 година во селото има 140 жители од кои 15 македонци, 107 турци о двајца срби.

Лаура Стојанова, М-Нет