
Со формирањето на Втората женска фудбалска лига се подигна квалитетот во женскиот фудбал во Македонија. Веќе три успешни сезони се зад Втората лига, а од септември стартува четвртата сезона, повеќе нема големи разлика со по 15 20 погодоци, во Првата лига има голема израмнетост и неизвесност, а во Втората лига има поголем мотив кај екипите, со тоа што веќе се формираат и нови екипи како Слободен.
Околу квалитетот и развојот на женскиот фудбал во Македонија разговаравме со селекторот на женската фудбалска репрезентација на Македонија, Александар Андов во спортскиот магазин „Трибина“ на М Нет.
Селекторот Андов даде свое видување за тоа како би требало да се формулира начин на натпреварување во Првата женска фудбалска лига.
Медиумската покриеност според селекторот е многу важна во развојот на фудбалот.
Селекторот Андов им дава шанса и на играчите од Втората лига за повик во А репрезентацијата.
Во Првата женска фудбалска лига настапуваат десет екипи, а во Втората лига минатата сезона настапуваа осум екипи, а во новата сезона се очекува овој број да се зголеми.
Александар Ванев, М-Нет