Кои беа најдобри стрелци во Трета лига – Југозапад за ланската сезона?

Минатата сезона во Трета лига – Југозапад шампион беше некогашниот второлигаш Кораб од Дебар, кој го загуби баражот со Вардарски од Богданци и останува во Трета лига – Југозапад и во новата сезоа.

На листата на најдобри стрелци за изминатат сезона на врвот се двајца играчи, односно Ујкан Муча од Кораб со 18 погодоци и Никола Секулоски со 18 погодоци од Сатеска од Волино.

Потоа следува голгетерот Стефан Каревски од Демир Хисар, Фатјон Леши од Кораб минатата сезона постигна 10 погодоци, а пак девет гола постигна Неџми Реџепи од Лирија од Грнчари.

По осум погодоци постигнаа Хакан Алимовски и Антонио Марцевски од Кравари, како и Нико Пластиновски од Преспа.

Изминатата сезона по шест погодоци постигнаа Един Мерсовски и Бљерон Муча од Кораб која што беше шампион.

Александар Ванев, М-Нет