
Според моменталните анализи се врши увид во бројката на запишувањето на учениците. Се уште не е утврдена ситуацијата и не може официјално да се каже дали ќе има потреба да се затвори некое подрачно училиште во руралните средини на Општина Штип. Како што велат од општината со почетокот на новата учебна година ќе се знае и точниот број на запишани првачиња.
„Во моментов се прават анализи да се види бројот на ученици кои што ќе бидат запишани во училиштата во руралните средини и ќе се види дали ќе има некои промени во тоа. Нема конкретни насоки дали ќе биде заторено некое подрачно училиште, меѓутоа со оглед на време ќе се увиди и тоа дали ќе има таква потреба за затворање на некое подрачно училиште. Има подрачни училишта кои што се со добар број но има има и такви кои што имаат помалку ученици„ вели Санева
Како главни причини поради кои се намалува бројот на првачиња може да се наведат заминувањето во странство и намалениот наталитет. Истражувањата покажуваат дека бројот на ученици во руралните средини од општина во општина варира. Во Штип најдобро се рангира подрачното училиште „Гоце Делчев“ во населба Три Чешми каде има задоволителен број на ученици. Таму настава следат и учениците од селата Врсаково и Сарчиево.
“Бројката на учениците во руралните средини е значи мала, бидејќи знаеме причините се тие какви што се познати. Точната бројка во моментов не можеме да ја кажеме, меѓутоа ќе направиме анализа и ќе видиме. Во секој случај има подрачни училишта кои што се добар број, меѓутоа има и такви каде што има помалку ученици.“ посочи Санева
Министерката за образование Весна Јаневска посочи дека претежно станува збор за училишта во руралните средини и додаде дека превозот на учениците ќе им биде платен и учениците ќе добијат оброк. Секоја година се намалува трендот за запишување на првачиња воопшто во училиштата на територијата на Македонија. Според Државниот завод за статистика во учебната 2023/2024 гофина, бројот на ученици бил за 1,6% помал во споредба со претходната година. Според статистика за една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта.
Лаура Стојанова, М-Нет