
Се повеќе европски земји дебатираат за враќање на задолжителното служење на воен рок, вклучително и земји од регионот како Србија, Косово и Хрватска. Анкетираните граѓани за М-Нет телевизија се со поделeни ставови во однос на враќањето на задолжителното служење војска иако од 2011 година граѓаните што ги исполнуваат условите поставени од АРМ можат да се пријават за доброволно служење на воениот рок. Притоа, кандидатите мора да имаат наполнето 18 години но и да не бидат посари од 26 години.
„За да се ракува со оружје во оваа земја мора некогаш да се брани, не знаеме што ќе биде утре. Меѓутоа редно е да се обучат младите бар ние што викаме постари да пукаат. Државичката ни е таа каква ни е мораме да ја зачуваме на еден или на друг начин“
„Не би ја рекол дека треба да бидат, војска има доволно, ние служиме војска коа служиме али не е потребно.
Поголем дел од граѓаните велат дека не е потребно задолжително воведување на воениот рок бидејќи државата располага со доволен број на војници.
„Па ја мислам дека нема потреба тука е НАТО, НАТО не чува. Нели имаме Армија, имаме НАТО тоа се трошоци плус за државата.“
Пример за земја од регионот која планира да го врати воениот рок е Хрватска, таа после 16 години го враќа задолжителниот веон рок. Воениот рок за сите млади мажи над 18 години треба да стапи на сила од првиот ден од следната година. Исто така воениот рок во Германија беше укинат пред 13 години а, сега се расправа за негово повторно воведување.
Лаура Стојанова, М-Нет