Селекторот Наковски е убеден дека враќањето на Љафтов ќе даде нов квалитет на тимот!

Македонската одбојкарска репрезентација подготовките за квалификациите за Европското првенство во 2026 година ги започна пред два месеци со учество во Европската златна лига.

Селекторот Хари Наковски е убеден дека Александар Љафтов ќе даде нов квалитет на тимот за натпреварите со Грузија и со Грција.

Првиот квалификациски меч Македонија го игра на 17. август против Грузија, додека пак на 25. август нашата репрезентација ќе се соочи со Грција.

Александар Ванев, М-Нет