
Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска уверува дека со ребалансот обезбедиле пари и за пензии и за покачување на платите на администрацијата како и за сите останати државни трошоци од кои голем дел, иако се законска обврска, не биле испланирани во сегашниот Буџет.
„Доколку не бил тој математички или не знам каков ко што бил направен со кој што буџетскиот дефицит за 2023 година го намалиле за седум милоијарди денари. Ние денес немаше да имаме проблем со пензиите тие беа планирни, слушнавте пет милијарди имаме зголемување. Ви кажувам дека во декември да ги исплатат со некакви маневри кој што до овој момент не ми се објаснети„ вели Димитриеска Кочоска
Пет милијарди денари се испланирани за исплата на пензиите. Министерката вели дека планираните средства за 2024 година би биле доволни доколку декемвриската пензија не била реално исплатена во јануари.
„Математиката е иста не постои разлика. Многу мал е притисокот од промената на методологијата 2500 денари многу често го кажувам тоа, 2500 денари се износ кој што нема да влијае многу единствено при дистрибуцијата“ посочи Димитриеска Кочоска
Со одлука на Влада, министерката, меѓудругото, побара кратење на непродуктивните трошоци кај сите буџетски корисници и им даде рок до 30 дена во кој треба да направат вонредни ревизии за утврдување на наменските трошоци и да достават анализи до Владата.