Беса ја темпира формата во Банско каде се играат и пријателски натпревари, се очекува уште едно до две засилувања!

Екипата на Беса од Добри Дол која по првпат ќе настапи во Првата македонска фудбалска лига, главната фаза од летните подготовки ја реализира во Банско, Бугарија.

Шефот на стручниот штаб Александар Таневски ни изјави дека подготовки во Банско течат во најдобар ред, а тимот се подготвува за втор контролен меч на бугарско тло или вкупно трети, откако првиот беше одигран во Струмица против Брера.

Беса ќе биде активна на трансфер пазарот, во следниот период се очекува уште една до две промоции на нови играчи во редовите на екипата од Добри Дол.

Беса преку неколку пријателски натпревари во Банско ќе ја темпира формата за новата сезона во Првата лига.

Беса минатата сезона стана шампион во Втората лига и обезбеди историско учество во Првата лига. Таневски очекува Беса да одигра добра сезона и да го изненади македонскиот фудбал.

Беса која е предводена од Александар Таневски во новата сезона за првпат ќе настапи во фудбалската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет