Чаир се засили со искусната Габриела Величковска

Екипата на Чаир која минатата сезона заврши на второто место во женската ракометна Суперлига, го промовираше прво летно засилување за новата сезона. Станува збор за искусната ракометарка Габриела Величковска, која во Чаир доаѓа од редовите на Куманово, каде што настапуваше изминатата сезона, а штипјанката со Чаир потпиша едногодишен договор.

Величковска во својата кариера покрај за Куманово, настапуваше за Металург и Пелистер на домашната сцена, а на меѓународната сцена настапуваше за екипите на Ле Пужен и Кот Баске од Франција.

Вицешампионот Чаир имаше одлична сезона зад себе со освоеното второ место со 67 бодови, а притоа имаше скор од 22 победи, едно реми и три порази.

Во следниот период ќе бидат промовирани и нови засилувања во редовите на Чаир, кој ќе има високи амбиции и во новата сезона.

Александар Ванев, М-Нет