
Денеска со положување свежо цвеќе пред спомен бистата се одбележаа 80 години од трагичното загинување на хероината Вера Циривири Трена. Љубовта кон патриотизмот почнала да ја негува на млади години и како резултат на тоа во текот на нејзиниот краток живот се вклучила во борбените редови бидејќи не можела да се помири со мракот и ропството на својот народ и татковина
„Вера се зафаќа за работа и за неколку дена успеала да се сретне со членовите на комуниситичката партија на Македонија кои не биле затворени. Веднаш почнала со организирање на општинскиот комитет КПМ и СКОЈ во Штип со цел да обезбеди синхронизирано одделување и активност во градот и селата“ – вели Мицевски
Бугарската полиција цела ноќ стражарела на местото на нејзиното мртво тело каде убијците не моежеле да го сокријат задоволството кога откирле дека тоа е револуционерката Вера Циривири Трена, кај нив позната под псевдонимот Светла
„Мртвото тело на Вера Циривири Трена остана цела ноќ на местото на загинувањето под будна стража на бугарската полиција. Подоцна во текот на денот била извршена идентификација на телото, убијците не можеа да го сокријат своето задоводолство кога откриле дека тоа е познатата под дрво и под камен бараната револуционерка Вера Циривири Трена заведена кај нив под псевдонимот Светла“ – посочи Мицевски
При претрес кај неа биле пронајдени два револвера, една рачна бомба и легитимација со име Елена Рашидова.
„При претресот кај загината нашле два револвера, една бомба и легитимација на име Елена Рашидова“ изјави Мицевски
Денешното чествување се посветува на храбрата Вера, за сето она што го направила за Штип и Македонија. Слободата на Македонија е скапо платена со околу 25.000 згаснати животи на борци.
Лаура Стојанова, М-Нет