
Второлигашот Детонит Плачковица денес започна со одигрување на пријателските натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.
Радовишани денес тестираа со српскиот тим на Трајал од Крушевац, екипа која експресно се врати во Втората српска лига. Трајал со 0:4 го совлада радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица.
На Градскиот стадион во Пехчево каде српскиот тим ги одработува главните подготовки прв до водство дојде Трајал, со голот на Стевиќ во 10. минута од мечот. Во финишот на мечот Стевиќ со втор гол зголеми на 0:2 за Трајал.
Првиот дел од мечот заврши предност од два гола за српскиот второлигаш, а одлична шанса од слободен имаше Ристиќ кој биеше одлично. Во последните секунди на првиот дел Мирчевски нафрли одлична топка од слободен удар, но Албан Таипи не ја закачи најдобро со глава со цел да ја смести во противничката мрежа.
Во вториот дел стратегот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски се одлучи да менува во комплет цел состав, па така беа заменети сите играчи.
Трајал во 69. минута преку нововлезениот Војиновиќ дојде до висока предност од 0:3.
Српскиот тим во вториот дел започна со промени, па така шанса добија сите играчи.
Во финишот на мечот Весиќ постигна гол за високи и убедливи 0:4, а со тоа беше поставен конечниот резултат.
Александар Ванев за М Нет од Пехчево