Штипјанката Ивона Наумова освои бронзен медал на пливачкиот маратон „Преспа 2024“

Уште голем успех за штипјанката Ивона Наумова која го освои бронзениот медал на пливачкиот маратон „Преспа 2024“.

Наумова која е член на Пливачкиот спортски клуб „Челични“ од Штип, успешно го исплива четвртиот пливачки маратон „Преспа 2024“ на Преспанското Езеро на трката од 2,5 километри и го осови третото место.

По четврти пат Пливачки клуб „Акваспирит“ од Охрид го организираше пливачкиот маратон „Преспа 2024“. Местото на одржување на маратонот беше плажата Цоца во селото Сливница, а интересот како и во изминатите години за овој спортски настан беше голем.

Инаку, на пливачкиот маратон „Преспа 2024“ имаше две трки, детска трка од 600 метри и маратон трка од 2,5 километри, каде што настапи штипјанката Ивона Наумова.

Александар Ванев, М-Нет