Незадоволни земјоделците од цената на пченицата, децидни дека следната година нема да посеат

Земјоделците не задоволни и годинава од цената на пченицата. Мелничарите ја откупуваат пченицата по багателни цени, па не ја ни задоволуваат произволната цена. Горги Каркашев претседател на Националната земјоделска асоцијација вели дека бараат од државата да интервенираат според законот за земјоделие и рурален развој за да се превземат сите неопходни чекори за да се постигне една нормална цена. Велат дека годишните потреби за пченица во Македонија се 370 илјади, а годинава имаат околу 200 илјади тона.

„Моменталната откупна цена на пченицата се движи од осум до единаесет денари. Произволната цена според земјоделскиот факултет е 14 денари. Меѓутоа не се согласуваме со таа произволна цена и според законот од произволната цена имаме плус 25%. За жал во овој момент ние сме далеку загарантирани од цената и затоа разговараме со министерството и бараме државата активно да се вклучи со мерките.“ – изјава Каркашов

Инаку пред некој период земјоделците одржаа и средба со министерот Трипуновски од каде велат дека искажана е соработка и напори за прифатливо решение. Посочија дека ситуацијата постојано ќе се следи, а ќе настојуваат и државата да помогне.

Со проблем се соочуваат и земјоделците кои одгледуваат тутун, истакнаа дека и состојбата со тутунот следи на лошо бидејќи е многу погоден од сушниот период што не се знае дали ќе има количина и велат годинава е полоша од лани.

Земјоделците децидни дека доколку не се најде се најде решение на самата ситуација догодина нема да посеат ниту декар жито.

Лаура Стојанова, М-Нет