
Синоќа успешно заврши Петровденскиот турнир во мал фудбал во Кочани, кој го организираше општина Кочани, а организациски беше поддржан од Општинскиот фудбалски сојуз во Кочани.
Одлична фудбалска игра, организациски турнирот помина во најдобар ред, покрај наградите за прво, второ и трето место, беа доделени и благодарници за најдобар стрелец, најдобар голман и за најдобар млад фудбалер.
Турнирот традиционално се одржува по повод празникот на градот.
Александар Ванев, М-Нет