
Со закана со огнено оружје кон вработена во казино во Берово, рано наутро на 15. јули одземани се парите од дневниот промет.
Станува збор за две вооружени лица, кои заплашувајќи ја вработената успеале да ги земат сите пари од касата.
Кражбата е пријавена во Полициската станица во Берово и веќе се работи на расчистување на случајот.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк