Силекс подобар на тестот со Радник Сурдулица од Србија

Продолжуваат пријателските натпревари преку кои се темпира формата за новата натпреварувачка сезона 2024/2025.

Кратовскиот прволигаш Силекс одигра нов пријателски меч кој го доби со 2:1 со екипата на Радник Сурдулица од Србија.

Натпреварот се одигра на стадионот во Кратово. Марко Георѓиевски во 17. минута од мечот постигна гол за водство на Силекс од 1:0, а по само четири митури игра односно во 21. минута Ади Алиќ постигна гол за водство од 2:0. Третиот гол на натпреварот го постигна српскиот тим откако Бранислав Коциќ во 30. минута беше прецизен за конечни 2:1.

Претходно, Силекс одигра пријателски против второлигашот од Кожуф од Гевгелија, кој го доби со резултат од 3:1, за што претходно објави телевизија М Нет.

Силекс досега се засили со Ангелче Тимовски, Ален Јашароски, Илија Донов и Дарко Додев.

Александар Ванев, М-Нет