
Јоце Панов, музичкиот артист реди многу нови песни во низата на неговите албуми. Овој период заедно со Дарко Филиповиќ ја започнуваат турнејата по големиот успех со дуетската песна „Лице у лице“. Панов за М-Нет телевија вели дека овој период работи под полна пареа, а и во иднина ќе продолжи така. Додава дека во текот на летото ќе објави нови две песни, но и откри дека при крајот на годината во Скопје ќе одржи голем солистички концерт, организиран на поинаков начин.
„Еве ќе ви откријам во декември месец ќе правам голем солистички концерт во Скопје, ги договарам датумите, мислам дека ќе биде во филхармонија така да ќе биде еден концерт на поинаков начин, на моите песни обработени во едни поинакви аражмани со оркестра, тоа е нешто што следно го спремам. “ – изјави Панов
Прва искра за да почнам да се занимавам со музика беше големиот концерт во 2007 година во Штип, вели Јоце Панов, музички артист. Вели дека тој концерт за него претсавува голем успех и поттик да продолжи понатаму бидејќи тогаш имал многу малку песни, а цела сала била полна. Концертот кој се реализирал во далечната 2007 година бил посветен на децата со посебни потреби Искра Штип.
„Тоа беше еден најголем успех за мене и потик да го работам тоа што сега го работам. Затоа што тогаш имав само 3 или 4 песни и таков чекор да превземете, сепак тоа е сала која што има голем број на луѓе внатре. Јас превземав таков чекор и сето тоа го изработивме многу добро. Концертот беше посветен на децата со посебни потреби Искра од Штип беше феноменално. Ден денес го имам на цд тој концерт , инаку тоа беше мојата прва искра дека треба да го работам тоа. Кога видов како реагираат само на тие пет песни ама немав свои доволно, сега веќе имам 50 свои песни, сега можам да направам два концерти, ама тој конерт ми е многу драг. “ – додава Панов
Панов вели дека има околу 50 песни па за разлика од концертот кој го реалзирал во 2007 година сега може да одржи два концерти според бројот на песни. Истакна дека на секои три до четири месеци објавува нови песни.
Лаура Стојанова, М-Нет