
Од утревечер 28 Јуни, започнува 39 издание на Штипско културно лето во општина Штип. На самиот почеток, манифестацијата ќе ја отворат дечињата од балетскиот центар Арабеск, а низ програмта до 31 Јули се предвидени многу музички настани. Идејата е да се создаде добар амбиент во кој граѓаните ќе имаат можност да уживаат, вели организаторот Кирил Панајотов и очекува масновна посета на овогодишното издание.
„Концептот на Штипско културно лето е како и другите лета е во суштина да разоноди, да се создаде амбиент во кој што граѓаните помасовно ќе уживаат во тој летен период. Содржини кои што се прифатливи, допадливи и интересни за различни категории на граѓани. Ние и оваа година имаме направено содржина односно нова програма која што по својот карактер е разновидна за секого по нешто. Една од карактеристиките на Штипско културно лето е интеракцијата јас велам, затоа што најголем дел од концертите завршуваат со заедничко дружење на крајот со публиката, спонтано некако се случува да публиката започне да пее или да игра да танцува и продолжува дружењето уште по еден час. “- вели Панајотов
Најмасовен се очекува да биде концертот на камерниот оркестар од Битола, но и концертот на Огненка Ѓерасимова и Елена Голумеова, додава Панајотов
“Нај масовен очекувам да биде концертот на камерниот оркестар од Битола, кој еве се втор пат од програмата на Штипско културно лето. Тој концерт ќе се случи на седми, за една недела во Дом на млади и очекувам најмасновно таму. Инаку, имаме камерни концерти повеќе, меѓу кој и како Огненка Ѓерасимовска, кој ќе имаат концерт на први во Понеделник. Исто така Елена Голумеова, нашиот познат сопран од Ница, Франција. Тука е Виолета Арсовска, исто сопран наш Штипски. Ќе имаме и детска оперета, а утре започнуваме со балетска претстава“ – вели Панајотов
Општината како покровител на оваа манифестација ќе издвои околу 850 000 денари од буџетот за оваа реализација, а организаторите топло ги покануваат сите заинтересирани граѓани да повелат на настаните, бидејќи влезот е бесплатен.
“Општина Штип, како покровител во рамките на програмта ќе издвои 850 000 денари за реализација на целиот проект. Започнуваме секогаш последната недела од Јуни и ќе трае до 31 Јули практично. Една од карактеристиките на Штипско културно лето е тоа што влезот е слободен за сите, затоа реков достапно за граѓаните, очекуваме посетеност и ги повикуваме граѓаните и дечињата нормално“- додава Панајотов
Инаку, оваа манифестација постои веќе скору четири децении во градот под Исарот и има за цел да создаде летна атмосфера, која е достапна близу до граѓаните. Речиси голем дел од концептот на програмата на оваа манифестација е во областа на музиката, бидејки тоа го бара самата публика.
Лаура Стојанова, М-Нет