Гелевски: Ростерот на ЖФК Атлетико се крои пополека, нашите цели се да вложуваме во младите!

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Екипата на Атлетико од Битола се врати во Првата женска фудбалска лига, откако стана шампион во Втората лига. Како повратник во фудбалската елита екипата на Атлетико започнува пополека да го крои ростерот за што ни изјави и тренерот Никола Гелевски.

Тимот и во новата сезона ќе биде составен од млади играчи, но како што вели Гелевски ќе биде засилен на неколку позиции.

Околу амбициите искусниот стратег додава дека тие ќе се потпираат и ќе вложуваат во младите играчи, а ќе целат кон средина од табелата.

Гелевски размислува долгорочно, оваа година како што вели за М Нет ќе се формира ростерот, а за следната сезона 2025/2026 да атакуваат и на првото место во Првата лига.

Атлетико без ниту еден пораз се врати во Првата женска фудбалска лига и во новата сезона ќе игра во фудбалската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет