Топлото време ги празни улиците, а водата единствен напиток за разладување

Високи температури и празни улици. Топлото време ги натера штипјани да се сокријат во своите домови и да ја избегнуваат изложеноста надвор на сонце во периоди каде тоа е непотребно. Разладување со клима и пиење на многу течности е начинот на кои штипјани се разладуваат и ги поминуваат топлите денови. Посочиа дека климатските услови се изменети па затоа овој период е многу жешко, а во иднина очекуваат уште многу повеќе.

“Повеќе сме внатре со ладна вода, пиеме течности. Повеќе сме внатре остануваме во сенка. Па климатските услови се измениа и затоа сега е потопло. Секако најнормално избегнуваме колку може еве сега ќе побрзаме да си идеме дома да се заштитеме. Еве денес е добро претежно во Штип си има секогаш ветер и е јако може во Штип да се живее.“

Кога се наоѓаме во вакво време во кое температурите се многу топли избегнуваме да се движиме надвор, а доколку имаме обврски ги извршуваме и гледаме што побргу да си заминеме дома велат граѓаните.

“Те гледате апчиња. Напоручек пуштаме климата малку инаку имаме изолација на куќата и не е страшно. Ние сме научени. Не сме низ чаршија јас сум си по патишатата. Не баш вчера од 12 до 2 саато копа лозјето.“

Анкетираните со поделено мислење кои истакнаа дека топлото време не им пречи па затоа и периодите ги минуваат работно затоа што се научени. Децидни штипјани дека Штип е место во кое постојано дува ветер па е погодно место за живеење.

Лаура Стојанова М-НЕТ