
Без никаква еколошка култура граѓаните и понатаму ги фрлаат отпадоците покрај поставените канти. Главна причина за тоа велат дека е домашната култура, а надлежните работатат и ги постигнуваат своите цели со тоа што поставиа и подземни контејнери во близина на безистенот во централното градско подрачје. Соогласни штипјани дека се што ќе се направи за градот е во полза на граѓаните но, тие не знаат да ги искористат можностите. Според нив главното решение е во тоа да се казнува секој со парична казна како што е и во странство и да се почитуваат сите еколошки правила.
„Немат свесност, никогаш не е имало, а нема ни да има. Добро е контејнери што стават тоа е добро и подземните се добри. Ама ние немаме свест немаме култура, јаде фрла наместо во контејнерот го фрла надвор од него. Ткава е државата свеста ја поминаме, во странство е друго ако фрле надвор од контејнеро се плаќаат казни, кај нас најпрво нема никаква свест. Може да се научеме со големи казни без разлика на кој ќе е ако сакаме да се развиеме. Како во странство имаме свест и поштување кога идат во Германија има свест и поштување тука не.“ – изјавија штипјани

„Културата кај нас е малку не е таква културна како што треба да биде. Секој еден што ќе земе за фрлање, не чека да го фрле во канта, туку го фрла каде ќе стаса. Тоа не е добро, не е културно треба ние сами да бидеме дисциплинирани, да го фрламе ѓубрето таму каде што треба. Се што се праве се е добро, само народот е изменет не е како едно време, понапред имаше народ и покултурен. Немат никаква култура.“ – изјавиа штипјани.
Културата во Македонија е на последно ниво, а и свесноста ја нема велат штипјани денес во пресрет на 5 јуни- Светскиот ден на животната средина. Со желби да се работи на тоа да се погигне свеста, а најмладата популација да се учи на тоа дека животната средина е онаа која што треба да ја чуваме.
Лаура Стојанова, М-Нет