
На тезгата на 74 годишната Стојна Гоцева од Карбинци може да се најде свежо нане, магданос и домашни јајца. Без прскање се е органско, произведуваме во заградена градина каде не влегуваат никакви животинки – вели Стојна. Децидна дека се што ќе донесе на пазарот ќе продаде затоа што луѓето бараат и купуваат домашни производи. Нането е билка која не мрзне, а луѓето најчесто го купуваат за сушење на чај или правење лекови за рани. Нането воедно е и производ кој се користи во модерното време за правње коктели и декорирање, но и освежување.
„Нането не мрзне , целогодишно е искара си жнееш го, па си истера, трипати четирипати годинашно можеш да го жнееш, да го сушеш за чај за се. Не мрзне пролета си па потера исто и магаданосо така. Не е ногу тешко затоа што не се прска, органско е , не се прска од никакви препарати чисто е. Во Карбинци го произведуваме, таму заградена ни е градината, не влегуваат никакви животинки да одат во чисто место е.“ – вели Гоцева.
„Прават мелеми зимат го викат ќе правеме за рани. Јас го произведувам продавам. Зимото не мрзне, пролета пак излегува, се користи и во домаќинството. Домашниот магданос на Стојна е честа намирница која е доста барана на пазарот. Коренот го отстрануваат, а листовите ги ставаат во манџите, а прават и чај.“ – додава таа.
Исто и он посее се пролета и после се жнее и зимото не мрзне, пролета па искара. Користат го за манџи за чаеви сушат го чај си варат. Од коренот од листот, за супи за секаква манџа се става магданосот и нането.
Не е лесно да се живее со примања од 10 илјади денари, па затоа чува и кокошки. Таа во својот двор чува 50 кокошки и ги рани со жито. Вели секоја работа си има своја тежина, но исплатливо е да работи. Домашната храна е една од најбараните, па мора кокошките да се ранат со жито,а не со концентрат.
Имаме доволно кокошки 50 кокошки со жито ги ранеме, ранеме ги органско со концентрат не ги ранеме. Тешко е сака да ги ранеш да ринеш, да чистеш. Се си треба тежина има секоја работа си има тежина. Исплатливо е, кокошката е исплатлива од недела до недела пон 50-60 јајца донесам на пазаро. Вкунот, вкунот, аинот помага тие сме има кој да работе.
На Стојна Гоцева и помага и фамилијата, но секој со своите обврски, па таа поголемиот дел од времето го минува сама во работа.
Лаура Стојанова М-Нет