Моментално сите штипски населби се уредно снабдени со вода, а канализациониот систем функционира во најдобра кондиција, вели директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков. Апелира до граѓаните за разбирање бидејќи се работи на повеќе локации во Штип и на цефки кои се стари повеќе од 60 години, па нормално е да дојде до некој прекин на водата. Од ЈП „Исар“ имаат решение односно е формиран нов кризен штаб и дежурна екипа со цел брзо реaгирање и санирање на сите дефекти.
„Во моментов сите населби во Општина Штип се уредно снабдени со вода, канализициониот систем функционира во најдобра кондиција. Меѓутоа апелираме до граѓаните за разбирање дека во текот на периодот кој престои на поголем број локации во Штип има градежни активности, така да при изведување на градежните активности нормално е и очекувано да дојде до одреден прекин на водата. Ние како Јавно претпријатие формиравме кризен штаб и дежурни активности кои првенствено ќе бидат насочени само за реализација на неочекуваните прекини на водоснабдувањето предизвикани од градежните активности. Апелираме и ги замолуваме за разбирање граѓаните, бидејќи Штип е едно големо градилиште во моментот и се работи на три големи капитални објекти и очекувано е дека при изведување на истите може да дојде до одредени прекини на водоснабдувањето.“ – изјави Зајков

Проблемите со прекиот на вода во изминатиот период се јавуваа затоа што во моментот се работи на големи и капитални иневестиции на територија на Општина Штип, со што очекувани се прекини во водата.
„Најголемиот проблем е во локацијата која што вие ја наведовте, бидејќи овде се изведува градежната активност за изградба на булеварско решение во Општина Штип за поврзување на населбата 8-ми Ноември и населбата Баби. Меѓутоа од овде минува и главната линија со која се поврзува водоснабдувањето на овој дел од градот. Станува збор за повеќе од 60 години стара цефка која на било каква вибрација на самото тло, бидејќи таму сме сведоци дека голем број на работни машини се присутни и работат интензивно за побргу да се заврши, доаѓа до кршење на истите.“ – додава Зајков
Цевките се веќе стари и предвикуваат проблеми, прекините на вода се регистриаат во населбата 8 Ноември и населбата Баби, затоа што од таму минува главната линија која го поврзува градот со водоснабдувањето.
Лаура Стојанова, М-Нет