
Екипата на Проект стана шампион во Втората футсал лига и од следната сезона се враќа во Првата футсал лига, односно во елитата на Македонија.
Поранешниот прволигаш и шампион по една сезоната во Втората лига се враќа во прволигашкото друштво со 69 освоени бодови на своето конто. Скорот на шампионот во Втората лига односно на екипата на Проект е 23 победи и три порази, со постигнати 209 погодоци што ги прави екипа со најефикасен напад, а примени 76 погодоци, што ги прави тим со најдобра одбрана во текот на целата сезона или позитивна гол разлика од 133.
Проект вчера со 9:6 ја доби Каршиака на домашен терен, а како домаќин играше овој пат во Неготино.
Кристијан Гавровски беше стрелец на три гола, а по еден гол постигнаа Димовски, Јанев, Костадинов, Благојевски, Стојановски и Стојанов. За гостинскиот тим двоен стрелец беше Идризовски, а по еден гол постигнаа Куртиши, Рамадани и Садихи, а пак Антонио Костадинов си постигна автогол.
Вчера исто така во Штип екипата на Мал Ајакс со 5:2 славеше над Кратово во меч каде Иса Дурмишов беше стрелец на четири гола, а еден гол постигна Дарко Димитровски. За гостинот Ивановски и Тоневски беа стрелци.
Денес ќе се решава која екипа ќе биде втора и ќе патува во Првата лига. Јувентус Серава е втор со 55 бодови, а пак Кораб е трет со 53 бодови.
Во последното коло Јувентус Серава ќе игра со Партизан Југ, Кораб против ССК 1965, Конзули со Балкан, Енхалон со СЕЕ Университи. Победа одмара бидејќи требаше да игра со исфрлената Шкендија од Тетово.
Александар Ванев, М-Нет